Четирикратниот Ол-стар кошаркар ДеМаркус Казинс ќе биде слободен во изборот на нова средина. Хјустон Рокетс донесоа одлука да го отпуштат кошаркарот по само 25 меча сезонава, јавува доброупатениот новинар на „Atletik“- Шамс Чаранија.
The Houston Rockets are releasing DeMarcus Cousins, sources tell @TheAthletic @Stadium. This allows the four-time All-Star to find a team elsewhere and garner interest on the open market.
— Shams Charania (@ShamsCharania) February 23, 2021
„Ракетите“ минатата недела му гарантираа на Казинс плата од 2,3 милиони долари по сезона, а сега наеднаш е слободен играч.
Како што тврди „ЕСПН“ Казинс не бил задоволен со улогата помошен центар покрај Кристијан Вуд. Тој не бил задоволен ниту со минутажата, сакал повеќе време да поминува на паркетот, па најверојатно во иднина ќе биде дел од друг НБА тим.
Казинс има 30 години, а на досегашните 25 меча за Хјустон просечно постигнуваше по 9,6 поени и 7,6 скока.
Имаше серија повреди, најголемата беше онаа на Ахиловата тетива во сезоната 2017/2018.