Најтрофејните франшизи во НБА лигата Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс одиграа неверојатен натпревар кој им припадна на „езерџиите“ 129:128. Победникот го реши поранешниот играч од шампионската генерација на Бостон, Режон Рондо во последната секунда.
Rajon Rondo buries the #TissotBuzzerBeater to win it for the @Lakers in Boston! #ThisIsYourTime #LakeShow pic.twitter.com/SuGZSzrZGE
— NBA (@NBA) February 8, 2019
Последната четвртина целосно им припадна на Лејкерси. Кошаркарите од ЛА успеаја да надоместат негатива од 14 поени, а четвртината во која погодија девет тројки ја добија со 42:27.
Две од тие девет тројки Лејкерси постигнаа во последните минути, најпрвин Леброн Џејмс израмни на 124:124, а потоа Кајл Кузма подоси за предност на ЛА 126:127.
Леброн Џејмс со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси, тој забележа 28 поени, 12 скока и 12 асистенции. Уште четворица играчи блескаа кај „езерџиите“, Кузма постигна 25 поени, а по 17 поени постигнаа Рондо, Калдвел-Поуп и Џавал Мекги.
Бостон го предводеа Кајри Ирвинг со 24 поени, односно Џејсон Тејтум со 22 поени и 10 скока.
Расел Вестбрук ја продолжи импресивната серија. Во победата на Оклахома Тандер над Мемфис Гризлис 117:95, Рас го забележа осмиот трипл-дабл на последните осум натпревари (15 поени, 13 скока, 15 асистенции).
Пред Вестбрук е само Вилт Чембрлен кој во својата ера девет натпревари во нзиа завршил со трипл-дабл.
Инаку најефикасен кај Оклахома беше Пол Џорџ со 27 поени.
Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ против ЛА Клиепрс одигра еден од своите најдобри мечеви во кариерата. Во победата 116:92 тој забележа 29 поени и 7 скока.
Покрај Богдановиќ, изминатата ноќ, се истакнаа уште двајца играчи од поранешните југословенски простори.
Јусуф Нуркиќ забележа 22 поени, 3 скока и 6 асистенции во победата на Портланд над Сан Антонио 127:118. Најефикасен кај Портланд беше Си Џеј Мекалум со 3о поени (седум тројки), а кај Сан Антонио се истакна Демар Дерозан со 35 поени.
Никола Вучевиќ мечот на Орландо против Минесота (122:112) го заврши со 221 поен и 10 скока. На спротивната страна Дарио Шариќ забележа 17 поени и 8 скока.
Мечот на кариерата го одигра крилниот центар на Торонто Репторс Паскал Сјакам (33 поени, 14 скока). Торонто инаку ја победија Атланта 119:101.