Поранешната НБА ѕвезда, а сега аналитичар на „ЕСПН“, Џејлен Роуз вели дека Кевин Лав е дел од американскиот олимписки тим за Токио само поради бојата на кожата бидејќи САД се „исплашени“ да пратат целосно „црн“ олимписки тим.
32-годишниот Лав е меѓу 12-те кошаркари кои во Токио ќе одат на четврто последователно олимписко злато за САД.
„Разочаран сум бидејќи знам дека и во 1992 година, Кристијан Летнер беше во тимот пред Шек и Алонзо Морнинг. Тоа е фаворизирање. Не знам зошто им е страв да стават целосно црн тим кој ќе ја претставува САД“, вели Роуз.
Сепак, Роуз не е целосно во право – од 1996 година само двајца белци биле во американската репрезентација – Џон Стоктон и Лав, а во 2016, 2008, 2004 и 2000, САД прати тим во кој немаше белци.