Поранешната руска кошаркарка, Екатерина Лисина, која признава дека се гордее што е дел од „Гинисовата книга на рекорди“ како жена со најдолги нозе, по повлекувањето од спортот создава фантастична кариера како модел во Русија.
31-годишната Лисина во 2017 година влезе во „Гинис“ со своите нозе – 132.8 сантиметри за левата нога и 132.2 сантиметри за левата нога, а од изданието за 2018 е и носител на втор рекорд – највисока манекенка на светот со своите 206 сантиметри.
„Господ ме благослови со фантастична височина за да можам да стигнам до ѕвездите. Почнав со кошарката на 15 години“, вели Лисина.
Таа играше во најдобриот руски тим ЦСКА Москва, а со Русија ја освои бронзата на ЛОИ во Пекинг во 2008 година.
„Сфатив дека сум атрактивна кога имав 24 години. Претходно бев само многу висока девојка, но потоа сфатив дека тоа ми носи и некои други предности“, вели Лисина.
View this post on Instagram
Кайфуем с @galina____21 ?? We are just relaxing ? #tall #heightdifference #height #рост #друзья