Руските обвинители побараа затворска казна од 9 и пол години за американската кошаркарска ѕвезда, Бритни Грајнер, која беше уапсена пред речиси шест месеци на аеродромот во Москва со траги на канабис во нејзинините торби.
31-годишната поранешна двократна олимписк шампионка игра за Финикс меркјури во ВНБА лигата, меѓутоа кога трае паузата во сезоната од 2014 година игра и во рускиот УММЦ Екатеринбург. Нејзината адвокатка, Марија Благоволина тврдеше дека таа користела канабис за третирање на болките кои ги добива од повредите во својата кариера, но и дека користела само во Аризона, каде што медицинската марихуна е дозволена.
Од друга страна, обвинителот, Николај Власенко тври дека таа намерно го спакувала маслото од канабис и побара парична казна од 1 милион рубљи (околу 17.000 долари) и затворска казна.
Минатта недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара да се прифати договорот со кој Грајнер и Пол Вилан, американски државјанин обвинет за шпиунажа, во практична „размена на заробеници“ за Виктор Боут, трговец со оружје, кој отслужува затворска казна во САД.