Top Sport

САД и Франција во „војна“ за Ембид

Еден од најдобрите светски кошаркари Џоел Ембид покрај француското доби и американско државјанство. Камерунецот сега е „меѓу два огна“, бидејќи Франција и САД го сакаат во националниот тим.

Според американските медиуми, тамошната федерација го убедува центарот на Филаделфија дека за него најдобро би било да игра за САД и покрај тоа што тој веќе кажа дека сака да настапува за „триколорите“.

„Сега тој ги има двете државјанства и мора да избере, ситуацијата веќе не е иста. Никој не може да го промени тоа. Знам дека тој веќе се сретна со некои од нашите играчи за да разговара за ова. Мислам дека треба да игра за нас, но ќе видиме. Ќе ја почитуваме неговата одлука каква и да е“, рече селекторот на Франција, Винсент Коле.

Ембид неодамна изјави дека е среќен што има и американско државјанство.

„Овде сум долго време. Мојот син е Американец. Мислев – зошто да не? Живеам овде и благослов е да се биде Американец“, вели Ембид.

Scroll to Top