Во Шарлот со натпреварот помеѓу САД и остатокот од светот, наречен „Ѕвезди во подем“, започна „Ол Стар“ викендот. Победата ја однесоа кошаркарите на САД 161:144, за најкорисен играч е прогласен Кајл Кузма од ЛА Лејкерс.
Традиционално на овој натпревар можат да учествуваат само дебитанти (руки) или оние што ја играат втората сезона во НБА (сомфори).
Мечот помина речиси без одбрани на двете страни, а од почетокот Бен Симонс и Кајл Кузма со атрактивите потези ја истакнаа канддатурата за МВП на натпреварот.
Кузма ги предводеше САД со 35 поени, шест скока, две асистенции и една блокда. Покрај него одлични беа Џејсон Тејтум со 30 поени, Трае Јанг со 25 поени, 10 асистенции и 7 скока, односно Донован Мичел со 20 поени.
Во „Тимот на светот“, Симонс уфрли 28 поени, Лаури Марканен 21. Сите во овоаа екипа постигнаа двоцифрен број на поени со исклучок на Чеди Осман (два поени).
Богдан Богдановиќ, минатогодишниот МВП мечот го заврши со 15 поени, а Лука Дончиќ забележа 13 поени, 9 асистенции и 5 скока.
Вечрва на „Ол Стар“ викендот на програмата е Скин челинџ, и натпреварите во шутирање тројки и забивање.