Top Sport

САД против остатокот од светот на следниот Oл-стар

Комесарот на НБА, Адам Силвер, објави дека на следниот викенд на сите ѕвезди, централниот настан ќе биде дуел САД и остатокот од светот.

Следниот Ол-стар ќе се одржи во Инглвуд, Калифорнија, во арената Лос Анџелес Клиперс.

Значи, љубителите на кошарката конечно ќе го видат она што со години сакаа да го видат за време на викендот на сите ѕвезди – судир на американски ѕвезди против Јокиќ, Дончиќ, Џенис и други врвни неамерикански играчи.

Адам Силвер го објави ова сценарио во емисијата „Breakfast Ball“.

„Наскоро, како дел од нашите нови телевизиски договори, натпреварот на сите ѕвезди се враќа на NBC… И случајно следната сезона ќе се совпадне со Зимските олимписки игри. Значи, натпреварот ќе биде на NBC, а истиот ден кога сме во живо, ќе се емитуваат и Зимските олимписки игри. И по натпреварот на сите ѕвезди, кој сега ќе биде попладне наместо навечер, ќе има повеќе олимписки настани. Дали има подобар тајминг за САД против остатокот од светот?“ рече Адам Силвер.

Првиот човек на НБА не прецизираше како би изгледал тој дуел, дали би се играл 48 минути или би имало одредени модификации, како во претходниот „ол-стар“ кога натпреварот се играше до 24 поени.

Ова е четвртата промена во форматот на „Ол-стар“ натпреварот во изминатите неколку години.

За потсетување, традиционалниот дуел „Исток“ наспроти „Запад“, кој се играше од 1951 година, беше заменет во 2018 година со формат во кој капитените ги избираа своите соиграчи, но тој формат беше краткотраен.

Веќе во 2024 година, НБА го врати стариот формат.

Една сезона подоцна се случи нов експеримент, еден вид фајнал-фор, со учество на четири екипи кои играа во полуфиналето и финалето. Очигледно, ниту тој формат нема да се развие.

„Беше неуспех. Се вративме на почеток. Не сме дораснати на задачата да создадеме содржина со која ние и играчите можеме да бидеме горди“, рече Силвер за претходниот формат на натпреварот „ол-стар“.

Дуелот меѓу САД и остатокот од светот може да биде последната шанса за НБА да го зачува угледот на натпреварот „ол-стар“, чија гледаност опаѓа со години.

Scroll to Top