Сагата околу кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, може да потрае уште долго време. Генералниот менаџер на франшизата, Дерил Мори, истакнал дека сагата може да трае до крајот на неговиот договор.
Симонс, пред неколку дена се појави во клубот. Не се поздрави со соиграчите, започна да тренира со телефон во џебот, незаинтересиран за она што се случува. Тренерот Док Риверс го избрка од тренингот, а клубот го казни со 1,4 милиони долари.
„Мислите дека се шегувам. Ова може да трае четири години. Секој ден ќе чекаме Бен да се врати или да го трејдуваме за играч кој може да направи разлика“, рекол Мори.
Летово, Филаделфија им го понуди Симонс на Портланд за Демијан Лилард. Клубот од Орегон беше заинтересиран за трејд, но за Симонс го понуди Си-Џеј Мекалум. Морил не бил заинтересиран за тој трејд.
Во овој момент не постои франшиза во лигата која е подготвена да се коцка со трејд за Симонс.