Top Sport

Сајтот „Евробаскет“ ја коригира (не)намерната грешка

Специјализираниот кошаркарски сајт „Евробаскет“, денес ја исправи скандалозната грешка, откако вчера ги промени податоците за националноста на македонските кошаркари.

На профилите на кошаркарите во графата националност пишуваше дека тие се Северно Македонци.

(Не)намерната груба грешка е исправена по бурните реакции на социјалните мрежи и од денес на сајтот повторно стои името под кое Македонија е примена во Светската кошаркарска федерација (ФИБА), ПЈР Македонија.

Сајтот „Евробаскет“ е креиран во 1997 година, кој застапува 248 кошаркари од преку 196 земји и 435 лиги. Базата ја сочинуваат профили на повеќе од 500.000 кошаркари и тренери.

Scroll to Top