Top Sport

Македонија против европскиот првак и Хрватска на Червар

Ракометната репрезентација на Македонија ги дозна имињата на противниците на Светското првенство во 2019 година, чии домаќини ќе бидат Данска и Германија.

Македонија за противници ги доби европскиот првак Шпанија, Хрватска која ја предводи екс селекторот на „црвено-жолтите“, Лино Червар и стариот познаник Исланд. Бахреин и Јапонија се аутсајдери во групата.

Група А (Берлин): Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Јужна Кореја
Група Б (Минхен): Хрватска, Шпанија, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија
Група Ц (Хернинг): Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија
Група Д (Копенхаген): Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола

Од секоја група најдобрите три селекции ќе продолжат во наредната фаза, кога ќе бидат формирани две нови групи. Натпреварите во тие групи ќе се играат во Хернинг и Келн.

Домаќин на полу-финалните дуеле ќе биде Хамбург, а медалите ќе се делат во Хернинг, каде ќе се игра дуелот за трретото место и големото финале.

Светското првенство ќе се игра во периодот од 9. до 27.јануари 2019 година.

Scroll to Top