Top Sport

„Сакав и куферите да му ги носам, но Антиќ не ми го даде бр. 12“

Кошаркарскиот репрезентативец на Србија, Никола Калиниќ раскажал интересна анегдота од времето кога тој и Перо Антиќ пристигнале во Фенербахче.

Калиниќ во 2015 година од Црвена ѕвезда се пресели во Фенербахче. Тој се надевал дека и во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 12, меѓутоа кога го потпишал договорот му станало јасно дека тој број веќе го одбрал Антиќ, кој две недели пред него станал член на турскиот гигант.

„Се обидов да го добијам бројот 12. Го прашав, му понудив да му купам нешто, му кажав дека ќе му ги носам куферите на секое патување. Но не се согласи. Поради тоа го зедов бројот 33“, рекол Калиниќ.

Лани Антиќ замина од Фенербахче, но Калиниќ го задржа бројот 33, а својот омилен број 12, ќе го носи од оваа сезона.

„Само еднаш победивме во три финалиња, тоа не е добар резултат. Со оглед на тоа дека имав и многу проблеми со повредите, решив да отворам нова страница во кариерата. Сакам од оваа сезона да бидам уште повеќе позитивен, да бидам поинаков Никола Калиниќ. Поради тоа го сменив бројот“, дополнил освојуваќот на светско и олимписко сребро со репрезентацијата на Србија.

Scroll to Top