Сакраменто Кингс се најлошата франшиза во НБА-лигата, во декадата која полека изминува.
Според статистичките податоци за периодот 2009-2019 екипата од престолнината на американската сојузна држава Калифорнија доживеала 517 порази и ниту еднаш не успеала да се пласира во плејофот.
Пред нив се наоѓаат Минесота Тимбервулвс со пораз помалку, но оваа франшиза во последната деценија има еден настап во плејофот. Третото место од позади е за Бруклин Нетс, тие имаат 504 порази.
Споредено со учинокот на да речеме Сан Антонио Спарс, овие тимови имаат двојно повеќе порази. Спарс во оваа декада биле поразени на 245 натпревари.
Сакраменто и и оваа сезона играат лошо, се наоѓаат на 14 место во Западната конференција. Доколку и оваа сезона не влезат во плејофот тогаш ќе го израмнат „црниот“ рекорд – 14 години без пласман во разигрувањето.