Top Sport

Сан Антонио го избра Виктор Вембањама за прв пик на драфтот

Сан Антонио Спарс очекувано го избра Виктор Вембањама како прв пик на драфтот 2023. Французинот кој е висок 225 сантиметри, е најисчекуваниот нов играч во НБА по Леброн Џејмс, и тој стана првиот што Спарс го избраа како прв пик од 1997 година и Тим Данкан со кој освоија пет шампионски титули.

Шарлот Хорнетс го избра крилото Брендон Милер од Универзитетот во Алабама за втор пик, па Скут Хендерсон, за кој многумина велат дека би бил прв пик на повеќето драфтови, падна на третото место, во рацете на Портланд Трејл Блејзерс. Но, сѐ уште не е јасно дали Блејзерс ќе го задржат или ќе го разменат за етаблирана ѕвезда.

Хјустон и Детроит ги избраа близнаците Амин и Аусар Томпсон за четврти и петти пик, кои тргнаа по неконвенционален пат до НБА и играа во Overtime Elite, која се појавува како нов начин за младите играчи да го пробијат својот пат до професионална кариера заобиколувајќи ја колеџ кошарката.

Беа направени и неколку трејдови, а Далас Маверикс учествуваше во два. Тие го отстапија десеттиот пик на Оклахома Сити и го зедоа неговиот 12-ти, со идно обештетување и го добија 24. пик од Сакраменто Кингс, а со нив го избраа најдобриот центар на генерацијата, Дерек Лајвли и Канаѓанецот Оливие-Максенс Проспер.

Редослед на НБА драфтот

1. Виктор Вембањама (Сан Антонио)

2. Брендон Милер (Шарлот)

3. Скот Хендерсон (Портланд)

4. Амин Томпсон (Хјустон)

5. Аусар Томпсон (Детроит)

6. Ентони Блек (Орландо)

7. Билал Кулибали (Вашингтон, преку Индијана)

8. Џерис Вокер (Индијана, преку Вашингтон)

9. Тејлор Хендрикс (Јута)

10. Кејсон Валас (Оклахома Сити преку Далас)

Scroll to Top