Сан Антонио Спарс реши да го задржи стартниот центар Ламаркус Олдриџ, кој потпиша нов тригодишен договор за 72,3 милиони долари.
Петкратниот учесник на ол-стар натпреварот во Сан Антонио е од 2015 година, откако претходно девет сезони го носеше дресот на Портланд.
Олдриџ минатата сезона просечно по натпревар бележеше по 17,3 поени и 7,3 скока. н.ц.