Top Sport

Сан Антонио ја имаат најдобрата резерва во лигата

Кошаркарот на Сан Антонио, Келдон Џонсон, беше прогласен за најдобар шести играч во НБА. Џонсон е првиот кошаракар на Сан Антонио, по Ману Џинобили, добитник на наградата за најдобра резерва во лигата.

Џонсон играше во сите 82 натпревари оваа сезона, вистински раритет е што сите ги започна од клупата.

Дополнително, тој стана првиот играч во историјата на франшизата кој постигна повеќе од 1.000 поени во една сезона како резерва.

„Порано бев стартер, сега мојата улога е да влегувам од клупата. Се обидувам да придонесам за тимот на најдобар начин“, рече Џонсон.

Тој беше убедлив во гласањето.

Доби 63 гласа за првото место, додека втор беше Хаиме Хакез од Мајами со 34, а трет беше Тим Хардавеј Џуниор од Денвер.

Ова е уште едно признание за Сан Антонио оваа сезона. Претходно, Виктор Вембањама беше едногласно прогласен за најдобар дефанзивец во лигата.

Успехот на Џонсон дополнително потврдува дека Спарс градат сериозен тим за иднината – и дека нивното младо јадро веќе дава резултати.

Следната награда што ќе биде доделена ќе биде за играч со најголем напредок (MIP), а во конкуренција се Никил Александар-Вокер, Дени Авдија и Џејлен Дурен.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');