Голден стејт Вориорс и Финикс Санс ја продолжија битката за првата позиција во НБА лигата. Изминатата ноќ, Вориорс славеа над Портланд, а Финикс се прошетаа низ Њујорк. За разлика од овие две франшизи, Денвер Нагетс, без најдобрите играчи, ја продолжија серијата порази.
Финикс Санс, во култниот „Медисон Сквер Гарден“, ја запишаа 15.победа во низа. Со скор 16-3 тие се втори на Западот, зад Вориорс кои имаат победа повеќе по 19 одиграни натпревари.
Санс ги победија Њујорк Никс со 118:97. Девин Букер го предводеше тимот со 32 поени, Диандре Ејтон забележа 14 поени и 13 скока, а ветеранот Крис Пол имаше ист број на поени и 10 асистенции.
Кемба Вокер со 17 и Имануел Квикли со 16 поени беа најефикасните играчи на Њујорк.
Голден стејт Вориорс лесно се справија со Порталанд (118:103). Стеф Кари забележа 32 поени, Ендрју Вигинс го следеше со 25, а Дрејмонд Грин имаше 12 поени и асистенции и осум скока.
Денвер Нагетс без четвроица играчи немаа никакви шанси против актуелните шампиони, Милвоки Бакс. Милвоки славеа со 120:109.
Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 24 поени, 13 скока и седум асистенции, во чекор го следеа Пет Конатон со 20, Крис Мидлтон со 17 и Џру Холидеј со 16 поени.
Денвер и на овој натпревар беше без Јокиќ, Мареј, Портер јуниор и Дозир. Нагетс сега влегуваат во тешка серија, одат на турнеја по Истокот каде ќе одиграат седум натпревари.
Ерон Гордон постигна 18, а Вил Бартон 17 поени за Денвер.