Top Sport

Роналдо: Ми го уништувате убавиот момент со лажни вести

Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако шпанските медиуми објавија нови информации во врска со судскиот спорт што се води против него поради даночно затајување.

Медиумите објавија дека адвокатскиот тим на Португалецот не успеал да се договори со обвинителството тој да плати 3,8 милиони евра и да ја признае вината. Роналдо наводно не платил данок во износ од 14,7 милиони евра во периодот од 2011 до 2014 година.

Напаѓачот на реал минатата година пред судот негираше дека избгнал да плати данок, а во понеделникот потврдил дека обвинителството одбило да се спогоди.

„Не се обидувајте да ми го расипете убавиот момент со лажните вести. Животот е добар. Благословен“, напишал Роналдо на Инстаграм.

Покрај проблемите што ги има со даночните власти, Португалецот е тема на медиумите и поради четирите гола што ги постигна на натпреварот против Џирона.

Scroll to Top