Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа ноќеска тимот на Њу Орлеанс Пеликанс со 113-98 со пресврт во второто полувреме откако екипата од Флорида имаше заостанување од 15 поени.
Победата на „жешките“ ја одбележа неверојатниот кош на Тејлор Хироу кој предводеше еден напад на Мајами. Се обиде од својата половина да го проигра својот колега Џими Батлер, но толку силно ја фрли топката што таа заврши во противничкиот кош.
Сите во салата беа изненадени, дури и самиот кошаркар.
LOLOLOLOLOLOL pic.twitter.com/FvIbIkAuG2
— Miami HEAT (@MiamiHEAT) November 18, 2021
Хироу мечот го заврши со 19 поени, а токму Батлер беше предводникот на Мајами – со 31 поен, 10 скока и 10 асистенеции.