Top Sport

Вилбекин доби награда за партијата на кариерата

Плејмејкерот на Макаби Тел Авив – Скоти Вилбекин е прогласен за МВП на 10. коло во Евролигата.

Американскиот кошаркар ги предводеше Макаби до победа над Монако со 95-84. Тој имаше учинок од 37 поени (13/22 од игра и 6/12 за три поени), со 8 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки.

Вилбекин, кој е репрезентативец на Турција собра индекс на корисност 37.

Сезонава Вилбекин игра одлично, во просек по 15 поени на меч, со 4,2 асистенции. Најзаслужен е за одличниот скор на Макаби од 7-3.

Scroll to Top