Top Sport

Се враќа Стеф Кари

НБА ѕвездата Стеф Кари во ноќта помеѓу недела и понеделник ќе се врати во составот на Голден стејт Вориорс.

Голден стејт сезонава имаат забележано само 12 победи и се наоѓаат на последното место во НБА. За ваквиот резултат „најзаслужни“ се повредите на двајцата главни играчи Клеј Томпсон и Стеф Кари.

Кари ја повреди дланката на левата рака на 30 октомври. По две операции и пауза од четири месеци тој доб дозвола од лекарите да се врати на кошаркарските терени.

Стеф во тимот на Голден стејт ќе се врати на натпреварот со Вашнигтон Визардс кој ќе се одигра во Сан Франциско.

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата во кариерата има освоено три шампионски прстени со Вориорс.

Scroll to Top