Top Sport

Се врати Кајри Ирвинг, без извинување, без објаснување: Ми требаше пауза!

НБА ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг се врати во составот на екипата по 7 пропуштени натпревари од непознати причини. Таквата пауза предизвика бес кај кошаркарската заедница, но тој не се возбудува поради тоа.

Не им се извини на навивачите поради однесувањето додека му траеше паузата. Беше снимен како ги крши ковид-протоколите. Но и за тоа немаше коментар.

„Се вратив, радосен сум што се вратив. Имавме некои сјајни натпревари, продолжуваме понатаму, а јас ќе дозволам мојата игра и моите потези да зборуваат, како што планирав. само ми требаше мала пауза“ – изјави Ирвинг.

Плејмејкерот пропушти 5 меча од „приватни причини“, а 2 затоа што се подготвуваше за враќањето. Кога новинарите го прашаа за кршењето на ковид-протоколите, тој само одговори: „Драго ми е што се вратив, благодарам“.

НБА лигата го казни Ирвинг со 50.000 долари поради кршење на протоколите на Ковид 19, а клубот му зема повеќе од 800.000 долари од платата поради пропуштените мечеви.

„Имав многу семејни и лични работи, нека остане на тоа. Разговарав поединечно со секој играч, одиме понатаму“ рече 28-годишниот кошаркар.

Scroll to Top