По пауза од 941 ден, Клеј Томпсон го одигра својот прв меч во НБА лигата. Еден од најдобрите шутери во историјата, две и пол години не играше поради двете најтешки спортски повреди, најпрвин ги повреди предните вкрстени лигаменти во коленото, а откако се рехабилитираше од таа повреда тој ја скина Ахиловата тетива.
Томпсон се врати во тимот на Голден стејт Вориорс во дуелот со Кливленд Кавалирс. Со овации беше дочекан од домашната публика. Вориорс славеа против Кавалирс 96:92, а Томпсон мечот го заврши со 17 поени.
Klay’s intro ? pic.twitter.com/Yn55bEVPMq
— NBA Central (@TheNBACentral) January 10, 2022
Повеќе поени од него постигна само Стеф Кари, 28 (4/11 за три).
Со оваа победа, Вориорс, се вратија на првото место во лигата со 30 победи и девет порази.