Јорданчо Давитков, кој ја предводеше македонската кошаркарска репрезентација во претквалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2019 година, повотрно најде ангажман во клупската кошарка.
Давитков договори соработка со кошаркарскиот клуб Банијас од Абу Даби. Искусниот тренер и покрај клупскиот ангажман, ќе остане и на кормилото на репрезентацијата на Македонија.
Откако Македонија, во конкуренција на Естонија и Косово, не успеа да ја мине претквалификациската група за мундијалот, следниот предизвик ќе бидат претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Македонија кон крајот на овој месец ја очекуваат дуелите со Швајцарија и Словачка.