Top Sport

Селекторот на БиХ впери прстот во најдобриот играч: Нуркиќ едвај може да трча

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина влегува во завршницата на подготовките за Евробаскетот во лоша форма, со серија убедливи порази и сериозни проблеми во играта, а селекторот Адис Беќирагиќ отворено предупредува дека без агресивна одбрана нема да можат да го избегнат фијаското.

За време на подготовките БиХ забележа неколку тешки порази, а против Србија и Црна Гора прими вкупно 228 поени – 126:89 зад затворени врати против Србија и 102:90 против Црногорците.

Покрај тоа, двапати загубија од Кина, па затоа не е изненадување што се вклучуваат аларми во тренерскиот штаб.

Кипар, Италија, Шпанија, Грција и Грузија ги чекаат во групата Ц на првенството, а само четири екипи ќе продолжат понатаму. Со моменталната игра, пласманот во следната фаза изгледа како далечна мисија.

„Имаме огромен број промашени слободни фрлања и изгубени топки, што им овозможува на ривалите да постигнуваат лесни поени. Немаме свој ритам. Кога ставаме пет играчи кои играат агресивно, напаѓачкиот талент се намалува, а кога го зголемуваме офанзивниот талент, нема агресивност. Без одбрана не можеме никого да победиме. Ако тоа не го решиме, ќе примиме 155 поени“, рече Беќирагиќ.

Дополнителен проблем е што најдобрите играчи не се во форма. Состојбата на Јусуф Нуркиќ најмногу ги загрижува сите, според тренерот Нуркиќ „не може многу да трча“ и не е подготвен за интензивен ритам.

„Кастањеда штотуку почна да игра пет-на-пет, Нуркиќ е надвор од форма. Ако играме само на талентот на Муса, Нуркиќ и Кастањеда, ќе имаме проблеми. Во моментов, само Лазиќ и можеби Врабац се во оптимална состојба“, додаде селекторот.

Scroll to Top