Селекторот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Вељко Мршиќ е примен во болница во Задар откако му се влошила состојбата поради коронавирусот, јавуваат хрватските медиуми.
Мршиќ бил во самоизолација, но откако по 7 дена не успевал да ја спушти температурата, побарал лекарска помош. По него, на Бадник дошла брза помош и го одвела во болница.
Моментно, според информациите кои тој ги споделил на социјалните мрежи, е стабилен, но приклучен е на кислородна поддршка.
Во текот на кариерата, Мршиќ беше предводник на Сплит, Варезе, Цибона, Цедевита и Билбао, а моментно освен селекторската, ја извршува и тренерската работа во КК Задар.