Top Sport

Селтикс го добија трилерот против Индијана Пејсерс

Седум натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата. Најнеизвесно во беше во Бостон, каде Селтикс, по едно продолжение славеа против Индијана Пексерс 101:98.

Селтикс со поените на Џејсон Тејтум, на 1,8 секунди до истекот на регуларниот дел, изборија продолженија. Во дополнителното време успеаја да победат. Џејлен Браун со 26 и Џејсон Тејтум со 24 поени ги предводеа Селтикс до 20.победа во 41.натпревар оваа сезона.

Резултати: Шарлот-Милвоки 103:99, Детроит-Јута 126:111, Њујорк-Сан Антонио 111:96, Хјустон-Филаделфија 91:111, Портланд-Бруклин 114:108, Сакраменто-Кливленд 108:109.

Scroll to Top