Top Sport

Селтикс ја пензионираа „петката“ на Гарнет

Бостон Селтикс го пензионираа дресот на Кевин Гарнет. Крилниот центар „петката“ во Селтикс, ја носеше на својот грб шест сезони. Во 2008 година го освои шампионскиот прстен.

Гарнет за Бостон играше од 2007 до 2013 година. Во овој период забележа просек од 18,8 поени и 9,2 скока по натпревар.

На свечената церемонија, присуствуваа играчите од шампионската генерација на Селтикс. Тука беше и Реј Ален, со кого Гарнет долго време немаше муабет. Гарнет му се налути на Ален кога тој во 2012 година замина од Бостон во Мајами.

„Добро е што те гледам тука. Реј Ален е тука. Ти си следниот“, рекол Гарнет.

Кевин Гарнет, во 1995 година, директно од средното училиште влезе во НБА лигата. Како играч на Минесота беше МВП на регуларниот дел од сезоната. Кариерата ја заврши како единствен играч со најмалку 25.000 поени, 10.000 скокови, 5.000 асистенции, 1.500 блокади и 1.500 украдени топки.

Со репрезентацијата на САД го освои златниот медал на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година.

Scroll to Top