Top Sport

Селтикс води во полу-финалето против Филалделфија (Видео)

Кошаркарите на Бостон Селтикс со победа ја започнаа полу-финалната серија во Источната конференција против Филалделгија ’76. Изминатата ноќ, Бостон убедливо славеше со 117:101.

Бостон, без тројца важни играчи, успеа да ја спречи брзата транзиција и да се одбрани од шутот за три поени. Городон Хејворд го нема од почетокот на сезоната, Кајри Ирвинг пред еден месец беше опериран и неизвесно е неговото враќање, а Џејлен Браун го повредеи мускулот на седмиот меч против Милвоки.

Сите проблеми со кои се соочуваат Селтикс ги надоместија Тери Розиер, Џејсон Тејтум и Ал Хорфорд.

Розиер го предводеше тимот со 29 поени, осум скока и шест асистенции, Тјтум постигна 29 коша, а Хорфорд мечот го заврши со 26 поени, седум скока и четири асистенции.

Тејтум е првиот дебитант на Бостон, уште од 1980 година и Лери Бирд, што постигнал најмалку 28 поени во плејоф натпревар.

Најефикасни во тимот на Филаделфија беа Џоел Ембид (31 поен, 13 скока и Џеј Џеј Редик (20 поени).

Вториот меч од серијата се игра во петок во 2.30 часот.

Scroll to Top