Top Sport

Сензација во НЦАА – Фаворитот Пердју испадна од ФДУ

Последниот ден од првото коло на НЦАА турнирот го донесе најголемото изненадување. Втор пат во историјата првиот носител на еден регион загуби на стартот. Малиот Универзитет Ферли Дикинсон (ФДУ), инаку шеснаесетти носител го шокираше угледниот Пердју 63:58.

Само Универзитетот во округот Мериленд-Балтимор се пласираше во второто коло како носител број 16 во 2018 година кога ја исфрли Вирџинија.

ФДУ стана првиот носител број 16 кој победи на два натпревари на НЦАА турнирот, бидејќи „Витезите“, беа една од четирите екипи кои претходно играа квалификации.

Пердју, во последните две години беше елиминиран уште во првото коло како четврти и како трет носител.

Во победата веруваше тренерот на ФДУ, Тобин Андерсон, кој ден претходно им порача на играчите: „Колку повеќе го гледам Пердју, толку сум посигурен дека можеме да ги добиеме“.

Видеото стана вирално по победата.

Второто коло се игра овој викенд, а фајналфорот е во Хјустон од 1 до 3 април.

Scroll to Top