Плејмејкерот Серхио Родригез по шест години повторно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откриваат шпанските медиуми.
Одличниот кошаркар претходните три сезони настапуваше за Армани Милано, додека претходно беше во ЦСКА Москва, како и во НБА лигата во Филаделфија. Со Реал ја освои Евролигата, како и наградата МВП, беше избран во идеалната петорка на Евролигата, а со тимот од Мадрид освои и три шампионски титули во Шпанија.
Во последната сезона, Серхио Родригез во Евролигата имаше просек од 8,4 поени по натпревар и имаше 4,4 украдени топки.