Грчкиот тренер Јанис Сферопулос ќе потпише нов договор со Црвена звезда.
Како што дознава сајтот „Меридијан спорт“, Гркот ќе потпише нов договор со кој ќе биде обврзан во црвено-белиот тим до 2027 година.
Сферопулос оваа сезона одлично си ја врши работата со црвено-белите, особено во Евролигата, каде Црвена звезда по 19. коло има учинок од 11 победи и осум порази и моментално е на шестото место, што директно води во плеј-офот.
Кога станува збор за АБА лигата, Гркот по нешто полошиот старт успеа да го стабилизира тимот и да влезе во победничка серија која се уште трае.
Црвено-белите сега го делат првото место со Партизан и Будуќност со идентичен скор од 13 победи и два порази.
Минатата сезона, со Сферопулос на клупата, Црвена звезда успеа да освои три трофеи во АБА лигата, Купот Радивоје Корач и првенството на Србија.