Top Sport

Шампион во Евролига му „се пушти“ на Баркли за она „Евролигата е ср.ње“!

Двојниот шампион во Евролигата со московска ЦСКА, Димитри Итуис ја прокоментира изјавата на легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли дека квалитетот на европската кошарка е слаб.

„Чарлс Барки вели дека Евролигата е ср.ње, а НБА е единствена вистинска лига. Го почитувам Баркли, иако лично не го познавам, но Евролигата е тешка лига. И не само професионално, туку и ментално. Видете го Јанис Адетокумбо и Богдан Богдановиќ, тие се амбасадори на европската кошарка“ – рече Итудис кој е „ученик“ на Жељко Обрадовиќ, кој пак во една прилика истакна дека „НБА е мафија“ и дека не му паѓа на крај на паметот да оди таму.

Грчкиот стратег запрашан за однесувањето на 59-годишниот српски тренер на тајм-аутите вели дека камерите претерано многу се користат, без потреба.

„Поминав толку многу тајм-аути со Жељко, знам како ги мтивира играчите. Целата ситуација е прилично смешна. Камерите влегуваат во мојата када, во мојата спална соба, без филтер. И јас имав тајм-аут против Алба на кој користев не баш убави зборови за моите играчи“ – вели Итудис.

Scroll to Top