Top Sport

Две легенди на една фотка–Дибиров и Федерер се најдоа во Дубаи (фото)

Руското лево ракометно крило, Тимур Дибиров кој веќе 6 години е незаменлив дел од играта на европскиот шампион, Вардар паузата пред ЕП ја користи за одмор со семејството во Дубаи.

Поискусните играчи во „црвено-црниот“ табор добија поштеда пред последниот меч од СЕХА лигата, па Дибиров реши семејството да го прошета на Персискиот залив.

Ракометарот таму се сретна со легендарниот тениски ас, Швајцарецот Роџер Федерер, а нивната средба остана овековечена на Инстаграм профилот на Русинот.

Scroll to Top