Милвоки Бакс со победа ја започнаа одбраната на титулата во НБА лигата. Милвоки, во првиот меч сезоната, убедливо го победија Бруклин Нетс со 127:104.
Милвоки, против најголемиот конкурент на Истокот, одиграа брилијантно во првата и последната четвртина, кои ги добија со вкупна разлика од 23 поени.
Јанис Адетокумбо со 32 поени и 14 скоквои го предводеше Милвоки, Пет Конатон и Крис Мидлтон уфрлија по 20 поени.
Најефикасен играч на Бруклин беше Кевин Дурент (32 поени, 11 скокови), Џејмс Харден постигна 20 поени и забележа по осум скока и асистенции. Мечот го обележа Пети Милс кој постигна 21 поен, сите од зад линијата 7,24. Австралиецот погоди седум тројки од исто толку обиди.