Top Sport

Шанли се договори со Фенербахче

Турскиот центар Сертач Шанли постигнал договор со Фенербахче. Шанли по две години се во Барселона се врати во Турција. Со Фенербахче договори двегодишна соработка.

Како што информираат од Eurohoops, договорот меѓу двете страни е завршен и се очекува турскиот клуб да го официјализира трансферот во текот на следната недела.

Во сезоната 2022/23 тој имаше 6,2 поени и 3,1 скока за нешто повеќе од 17 минути во 36 натпревари во Евролигата.

Во шпанската АЦБ лига турскиот центар за 16 минути имаше просек од 7,3 поени и 3,4 скока, а со Барселона ја освои шампионската титула.

Пред да се пресели во Барселона, Шанли ја освои Евролигата во 2021 година со Ефес.

Scroll to Top