Top Sport

Шарлот ги прегази Лејкерси

Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31).

Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен.

Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност ја зголемија во последната четвртина.

39-те поени на 27-годишниот ас Лука Дончиќ не им помогнаа на Лејкерси. Словенецот доби поддршка само од ветеранот Леброн Џејмс со 29 поени, девет скока и шест асистенции.

Хорнетс до победата ги предводеа Ламело Бол со 30 поени (девет тројки) со шест скока и 11 асистенции, Брендон Милер постигна 26, а Мајлс Бриџис поен помалку со осум скока и четири асистенции.

Резултати:

Детроит – Феникс 108:105
/Робинсон 19 – Ален 33/

Хјустон – Оклахома 91:112
/Дјурант 19 – Гилџис-Александер 20/

Мајами – Бостон 114:119
/Пауел 26 – Симонс 39/

Сан Антонио – Милвоки 119:101
/Вембањама 22 – Адетокумбо 21/

Далас – Јута 144:122
/Томпсон 26 – Сенсабах 27/

Голден Стејт – Њујорк 126:113
/Батлер 32 – Ануноби 25/

Портланд – Атланта 117:101
/Шарп 24 – Оконгву 26/

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');