Кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер, ја освои наградата за „клач“ играч во сезоната 2025/26.
Оваа награда му се доделува на играч кој најдобро ги решава неизвесните завршници на натпреварите.
„Оваа награда многу ми значи. За да ја добиете оваа награда, мора да му помогнете на вашиот тим да победи во финишот, а она што ми е најважно е победата“, рече Шеј.
Шеј заврши пред Ентони Едвардс од Минесота и Џамал Мареј од Денвер.
Финалистите за наградата „клач“, беа одредени со анкета меѓу тренерите на лигата, а потоа жири од 100 новинари одлучи за победникот.
Шеј доминираше, освојувајќи го максималниот број поени од 96 гласачи и вкупно 484 поени.
Мареј имаше 117, Едвардс 116, по него Кејд Канингем со 50 и Џејлен Брансон со 42 поени.
