Top Sport

Шек: Деца, инспирација да ви е играч кој со 11 поени заработува 200 милиони долари

Бура во НБА лигата предизвика информацијата дека тимот на Јута Џез на својот центар, Французинот Руди Гобер му понуди нов четиригодишен договор вреден вртоглави 200 милиони долари. Со тоа францускиот репрезентативен кошаркар стана најплатениот центар во историјата на лигата и играч со трет најголем договор во историјата на НБА лигата.

Шекил О`Нил, како и многумина останаа шокирани од сумата понудена на Гобер, па истото го прокоментира во подкастот на „All Things Covered”.

„Не сакам било кого да мрзам, но договорот на Гобер би требало да е инспирација за сите деца. Имате просек од 11 поени во НБА и добивате договор од 200 милиони“ – изјави популарниот Шек.

Статистиката на Гобер кој важи за добар дефанзивец, но многу лимитиран офанзивец – за 8 години во Јута неговиот просек е 11.8 поени по меч, со 11 скока и 1.4 аситенции.

На „Ол–стар“ натпреварите се појавил само еднаш.

Scroll to Top