НБА легендата, Шекил О’Нил повторно покажа дека ќе биде запаметен и по своите човеки квалитети, откако донирал 50.000 долари на семејството на поранешниот полицаец Арон Салтер Јуниор, кој загина при масовната престрелка во Бафало штитејќи го животот на други невини жртви.
Откако бил диџеј на концерт во Бафало, тој се сретнал со вдовицата и синот на Салтер, и потоа решил да им помогне со донација. На 14 мај, еден човек влегол во маркетот „Топс френдли“ во градот и застрелал 10 луѓе, наводно воден од расистички побуди, бидејќи повеќето од жртвите биле Афро-Американци.