Top Sport

Јунајтед подготвува 80 милиони евра за „топчијата“ Обамејанг?

Според информациите пласирани кај дел од англиските медиуми, Манчестер Јунајтед подготвил 80 милиони евра за на „Олд Трафорд“ да го донесе голгетерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг.

Тој во 2018 година на „Емирати“ пристигна од редовите на Борусија Дортмунд за 65 милиони евра, а во последната сезона за „топчиите“ постигна 31 гол и имаше 8 асистенции на 51 меч.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер веќе се ослободи од Ромелу Лукаку во нападот, а сигурно би сакал да го продаде и непрепознатливиот Алексис Санчез чија астрономска плата многу го оптоварува клубскиот буџет.

Од тие трансфери Јунајтед лесно би можел да го доведе Обамејанг чиј договор со Арсенал истекува за 2 години.
Засега нема информации дали челниците на Арсенал се решени да го ослободат 30-годишниот напаѓач од обврските во клубот.

Обамејанг, заедно со Салах и Мане од Ливерпул сезонава во Премиерлигата постигнаа по 22 погодоци.

Scroll to Top