Top Sport

Шек: Го мразев Стеф Кари – Сега нема подобар играч од него

Шекил О’Нил, признал дека во минатото не можел да го поднесе Стеф Кари. Неколку години подоцна, Шекил го смени мислењето и тврди дека нема подобар играч во НБА од Кари.

Шекил О’Нил е познат по тоа што „без влакна на јазикот“ ги критикува младите кошаркари. Признал дека Кари не можел да го свари бидејќи шутирал од сите можни позиции.

„Сакам кога ќе ми покажат дека не сум во право. Поради тоа на овие млади момци им велам да ми докажат дека грешам“, рекол Шекил и дополнил.

„Го мразев на почетокот на неговата кариера. Велев дека нема да погодува. Тој продолжи да ме демантира, поради тоа сега нема подобар играч од него“.

Стеф Кари е еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката. На вечната листа, подобaр во шутирање на тројки од него е само Реј Ален. Сепак, прашање на време е кога Кари ќе го достигне неговиот рекорд.

Scroll to Top