Недоразбирањата помеѓу Шекил О’Нил и Коби Брајант го растури тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој беше еден од најдоминантните тимови во историјата на НБА-лигата. „Езерџиите“ со Шек и Коби доминираа на почетокот на 21 век и тој тим е последен што успеал да освои три трофеи во низа.
Екипата која Лејкерс ја градеа околу двете мега-ѕвезди започна да се распаѓа поради несогласувањата помеѓу Коби и Шек, а нивната ера заврши со поразот во големото финале од Детроит Пистонс.
На Шек му пречела себичноста на Коби, додека Коби сметал дека Шекил не се труди и не работи доволно. Поранешниот соиграч на овие двајца, Раџа Бел открил дека Шекил има сигнал со кој им забранувал на соиграчите да му додаваат на Коби.
„Шек ми раскажа една приказна. Имавме во тимот еден играч Гордан Гиричек (поранешен репрезентативец на Хрватска) и тој секогаш кога ќе влезеше на теренот ќе ја испукаше својата квота на шутеви. Не му беше гајле што се случува и каков е договорот. Тогаш Шек со палците ни покажа симбол и ни рече дека кога ќе го покаже тој знак тогаш никој не смее да му ја подаде топката на Горичек. Кога го прашав од каде му е тоа, тој ми раскажа дека истиот трик го употребувал и кога играл со Коби Брајант“, рекол Бел.
Raja Bell says that Shaq had a "secret code" to tell Lakers teammates to stop passing Kobe the ball.
(via @CBSSportsHQ) pic.twitter.com/wDVvXZE9Mx
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) September 3, 2019