Top Sport

Шек: Јас и Коби со тие Лејкерси ќе ги „уништевме“ Булси на Џордан

По најавата за документарниот филм „Последниот танц“ за Мајкл Џордан и Чикаго булс, се јави и Шекил О’Нил, кој не е многу импресиониран од моќниот тим на „биковите“, велејќи дека тој со „тројниот“ тим на Лос Анџелес лејкерс со Коби Брајант лесно би го совладале историскиот тим.

„Зошто? Бидејќи ќе го убиев Лук Лонгли, Бил Винингтон, Бил Картрајт. Главниот фактор сум јас и моите слободни фрлања“, вели Шек за „ЕСПН“.

Фил Џексон, кој беше тренер на двата тима, беше избран од „ЕСПН“ да го води тимот на Булси и тој би ја прифатил тактиката за фаул на секој допир на О’Нил.

„Да, тој би се обидел со ’Хек-а-Шек’, но сепак, јас би давал 28-29 поени секој меч. Слободните ќе беа клучни, а кај мене секогаш беа 50-50, така што ако ми тргнеше ќе победевме“, објаснува Шек.

Булси освоија шест титули во 1990-тите, вклучувајќи сезона во која имаа 72-10 скор во 1995/96, нешто што беше подобрено само од Голден Стејт вориорс во 2015/16.

Scroll to Top