НБА лигата речиси два месеци е во „локдаун“ по позитивниот тест на корона вирусот на Руди Гобер, но плановите за продолжување на лигата остануваат приоритет за сите тимови. Шекил О’Нил не се согласува.
Лигата има план за рестатрирање во Лас Вегас или Орландо, без публика и со ограничен персонал, и останува нејасно дали ќе се продолжи регуларната сезона, или веднаш ќе се оди со плејоф. Шекил смета дека тоа е лоша идеја.
„Мислам дека едноставно треба да ја прекратиме сезоната. Сите да си одат дома, да оздрават и да се вратат следната година. Да се обидеш да се вратиш сега и да избрзаш плејоф? Секој тим кој ќе стане шампион оваа година ќе има ѕвездичка покрај титулата. Нема да го добие истиот респект. Што ќе се случи ако тим не заслужува одеднаш почне да победува со новиот плејоф формат? Никој нема да го добие респектот. Подобро да се грижите за безбедноста на фановите и на луѓето“, вели О’Нил.