Top Sport

Надал одби Инстаграм разговор со Кирјос: Нека се забавува со своите врсници

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал ја одби понудата на Ник Кирјос да имаат разговор во живо преку Инстаграм, велејќи дека на австралиската тениска ѕвезда би му било подобро да се забавува со некој свој врсник со сличен стил.

Идејата за „сесија“ во живо помеѓу двете тениски ѕвезди ја иницираше Кирјос, кој го повика Надал да имаат разговор за да ги разрешат проблемите кои ги имаат во минатото. Надал не прифаќа таква понуда.

„Немам проблем да одам во живо со Ник, но има разлика во генерациите и тој најверојатно ќе се забавува повеќе со некој поблизок до неговата возраст и стил“, вели Надал.

Кирјос и Надал се сретнаа осум пати на АТП турнејата и Шпанецот има 5-3 скор, но влегоа во конфликт на Мексиканскиот опен минатата година, кога Кирјос се „глупираше“ со удари меѓу нозе, а Надал го обвини дека „нема почит кон никого“. Кирјос го нарече „супер солен“ лош губитник.

Неколку месеци подоцна на Вимблдон, кога Надал победи, Кирјос еден негов удар упати директно кон Надал, по што призна дека го направил тоа намерно.

Кирјос преку Инстаграм сака да ги реши „проблемите“ со Надал

Scroll to Top