Легендарниот Шекил О’Нил е убеден дека петорката која ја составил никој не би можел да ја победи во серија од седум натпревари. Во петорката на Шекил се наоѓа само еден активен играч, тројца долго време се пензионери, а Коби Брајант трагично загина во хеликоптерска несреќа.
Четирикратниот НБА шампион со ЛА Лејкерс и Мајами Хит, за сиграчи во непобедливата петорка ги избрал Коби Брајант, Алан Ајверсон, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.
„Не ме интересира што ќе кажете. Оваа екипа никој не би можел да ја победи во серија од седум натпревари“, порачал Шекил.
Првиот пик на драфтот во 1992 година, во НБА играл и за Финикс, Кливленд и Бостон.
Три пати бил шампион со Лејкерси и еднаш со Мајами, а со репрезентацијата на САД бил олимписки шампион во 1996 година.