Коби Брајант никако не влијаел врз одлуката на Шекил О’Нил во 2004 година да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс. Шекил, ја напушти франшизата, по убедливиот пораз во финалето од Детроит Пистонс (1-4).
Неколку години подоцна, славниот помошник на Фил Џексон, човекот кој го измисли „триаголник нападот“ на Чикаго Булс, Текс Винтер, во едно интервју изјави дека Лејкерис не сакале да му ај зголемат платата и дека поради тоа Шекил решил да си замине од Лос Анџелес.
„Со своите барања ја држеше франшизата во заложниство. Тоа воопшто не му се допадна на сопственикот, Џери Бас“, рекол Винтер.
„Шек ги сакаше парите кои беа дозволени со колективниот договор, не таа сума мојот татко не сакаше да му ја даде. Тогаш се случи моментот кога му беше овозможено да замине во Мајами. Многумина веруваат дека Коби е виновен за заминувањето на Шекил. Тоа не е точно. Тој замина поради парите“, рекла Џини Бас, ќерка на тогашниот сопственик на Лејкерси.
Џини Бас, по повлекувањето на нејзиниот татко е најголемиот акционер во славната франшиза.
Шекил и Коби, заедно освоија три шампионски титули. По заминувањето од Лос Анџелес, Шекил освои уште една титула со Мајами, додека Коби ги предводеше Лејкерси до уште две титули.