Top Sport

Шенгелија ќе го пропушти ЕП

Најдобриот играч на Грузија Торнике Токо Шенгелија ќе го пропушти Европското првенство.

Шенгелија се повреди синоќа, на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство против Холандија. Тој го повреди рамото.

Како што пишуваат кошаркарските медиуми, Шенгелија не само што го изместил рамото, туку и скршил коска, но по деталните прегледи се ќе се знае попрецизно.

Грузија е еден од домаќините на натпреварувањето и ова дефинитивно ќе биде голем удар за нив.

 

Scroll to Top