Торнике Шенгелија ја напушти Барселона и како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Дубаи.
Кошаркаската секција на Барселона, летово влече нелогични потези. Голем број кошаркари си заминаа, стигнаа досега само тројца и новиот тренер, инаку селекторт на Словенија, Секулиќ.
Ако по утрото денот се познава, Барселона нема да има конкурентен тим сезонава не само во Евролигата туку и во Шпанија.
Поради тоа Шенгелија реши да замине. За да ја оствари желбата тој си го плати обесштетувањето од еден милиони евра.
Оваа сума тој ќе ја наплати од новиот клуб, Дубаи.
Пред него во Дубаи пристигнаа Мамади Диаките, Џерон Блосомгејм, Ели Окобо, Девион Минц и Јаник Краг (позајмен во Хувентуд), а пристигна и тренерот Чави Пасквал, со кого Шенгелија работеше во Барселона.
Foto/ Depositphotos
